Презентација на оклопни возила од „Oshkosh Defense“ на полигонот Криволак


На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржи презентација на моделите на лесните тактички оклопни возила JLTV (Joint light tactical vehicle) на производителот „Oshkosh Defense“ за кои е планирано да станат составен дел од капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија.

На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот началник на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин.

За време на презентацијата, претставниците на медиумите одблизу ќе имаат можност да се запознаат со карактеристиките и способностите на возилото, а за заинтересираните медиуми ќе има можност да влезат во делот за екипажот на оклопните возила и да имаат тура со возење низ теренски услови со цел директно да се запознаат со перформансите на возилата.

Настанот се организира според важечките протоколи за здравствена заштита, одржување на растојание и носење заштитни маски во група.