Презентација на новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи.

Презентацијата ќе се одржи во просториите на Министерството за дигитална трансформација.

При минатонеделната посета на Делчево, каде изврши увид во реконструкцијата на новиот Центар за услуги во Делчево, министерот Андоновски потенцира дека интересот за користење на Порталот за електронски услуги значително се зголемил – од 1.000 корисници месечно, на 7.400, што претставува зголемување за седум и пол пати.

Тој посочи дека и покрај предизвиците како дигиталната писменост, обуката на институциите и нивната подготвеност за дигитализација, соработката со најголемите институции во државата резултира со значајни резултати.