Претседателот на Саудиската национална банка поднесе оставка поради банкротот на Кредит Свис


Претседателот на најголемата комерцијална банка во Саудиска Арабија, Саудиската национална банка (СНБ), поднесе оставка од „лични причини“ бидејќи неговите изјави за Кредит Свис, чиј најголем акционер се Саудијците, предизвикаа голем пад на вредноста на акциите на швајцарската банка, објави денеска саудискиот регулатор.

Во барањето доставено до Ријадската берза Тадавул, беше објавено дека Амар ал Кудаири поднел оставка од Саудиската национална банка. Констатирано е дека оставката е поднесена вчера.

Кога Ал Кудаири во интервју на 15 март рече дека Саудиската национална банка, најголемиот акционер на Кредит Свис, нема да обезбеди дополнителни средства за проблематичната швајцарска банка, нејзините акции паднаа за повеќе од 30 отсто. Набргу потоа, швајцарската централна банка му додели на Кредит Свис заем од 50 милијарди франци за да ги зајакне своите финансии.

Швајцарските власти подоцна постигнаа договор со најголемата швајцарска банка, УБС, за купување на Кредит Свис по намалени цени во обид да се избегне банкарска криза.