Претседателот на Бразил не гледа објаснување за убиствата на жени и деца во Газа


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека мултилатералните институции не успеваат да ги решат меѓународните конфликти и во тој поглед ги критикуваше дејствијата на Израел во Газа.

-Однесувањето на Израел нема објаснување, со изговор дека се борат против Хамас убиваат жени и деца, рече тој по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси.

Лула оцени дека нема да има мир доколку не се формира палестинска држава и повика на итен прекин на огнот за да се дозволи хуманитарна помош за Газа, пренесуваат израелските медиуми.

Израел вели дека прави се што може за да избегне цивилни жртви, но го обвинува Хамас, кој има изградено утврдени тунели под домовите, болниците и училиштата, дека ги користи цивилите во Газа како жив штит.