Престанува бесплатното возење со градскиот превоз
Од утре нема бесплатен градски превоз. Се укинуваат и мерките и препораките за загадување на воздухот затоа што штетните честички во воздухот паднале под 100 микрограми на кубен метар.
Но, во некои од приватните автобуси од сабајле веќе беа вклучени пост терминалите за отчукување на картичките за возење, иако на сила се уште е бесплатниот превоз. Некои патници кои не знаат за одлуката на Град Скопје и на ЈСП ги користеа своите картички.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешниот брифинг со новинарите истакна дека патниците треба да ги пријавуваат таквите возачи кои го активирале пост терминалите и кон истите ќе бидат преземени санкции.