Пресекле три столба: Во Кан нема струја поради намерно оштетен далновод


Три од четирите столба на високонапонскиот далновод што го снабдува градот Кан и околните општини „беа пресечени во злонамерен чин“, соопштија денеска локалните власти во Франција.

Локалните власти соопштија дека столбовите биле исечени со пила.

По саботажата исклучена е струјата во Кан и околните општини за да се санира штетата, поради што 160.000 домаќинства немаат електрична енергија.

Во Кан вечерва е затворањето и доделувањето на награди на 78. Меѓународен филмски фестивал, што почна на 13 мај. Канскиот фестивал има сопствено напојување со електрична енергија и ќе продолжи фестивалската програма, но нема да има проекции на филмови, бидејќи кината се вон центарот на Кан.