Прелиминарна распределба на автобуски линии, за меѓуопштински превоз одобрени 16 апликации, за меѓународен 67
Mинистерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуските линии. Вкупно 140 апликации биле поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 41 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 99 апликации за меѓународен превоз на патници.
Врз основа на прелиминарната распределба, како што информираат од Министерството, за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 16 апликации, а 25 се одбиени. За меѓународен превоз на патници одобрени се 67 апликации, 10 апликации се делумно одобрени и 22 се одбиени.
-Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред, стои во соопштението од Mинистерството за транспорт и врски.