Предлог зaконот за  државно правобранителство пред пратениците на 16 јануари


Фото: Б. Грданоски
 
Предлог зaконот за  државно правобранителство ќе се најде пред пратениците на седницата на 16 јануари, извести Министерството за правда.
 
Со измените што ги предложи Министерството се предвидува можност за мирување на државноправобранителската функција ако државните правобранители бидат избрани или именувани на друга функција или должност. Ова се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кој се избираат државните правобранители.
 
Предлог Законот за дополнување на Законот за државното правобранителство содржи три члена со кои се обезбедува доколку државниот правобранител е избран од редот на државните правобранители  по  истек на времето за кое е именуван, а со негова согласност, Владата да го именува за функцијата државен правобранител за подрачје каде што претходно ја обавувал државно правобранителската функција. Измената се предлага  како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кој се именуваат државните правобранители.
 
Со предложените измени се предвидува и усогласување на одредбите од законот со Законот за употреба на јазиците.