Пожарникари на ДПД Кочани после обука во Србија интервенираа на пожар кај Табановце

Седумчлена екипа на Доброволното против пожарно друштво од Кочани од 15 до 17 август присуствуваше на дводневна обука во Србија, во организација на Рускиот хуманитрен центар кај северниот сосед и ДВД „Стефан Синџелиќ“ од Ниш.
Доброволците од Кочани собираа искуство во прва помош, во спасување на вода и ракување со чамец и скутер на вода и во алпинистичко качување и спуштање со јаже.
На враќање од Србија на граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници било побарано од нив да интервенираат на пожарот кој му се заканувал на просторот и објектите на самиот граничен премин.
-Поставивме линија од хидранска мрежа и интервениравме во координирана акција со Дирекција за заштита и спасување и по двата прелета на два ер трактори со 100 отстотна ефикасност нашата екипа се повлече од местото упатувајки се кон дома, раскажаа дооброволците од ДПД Кочани, кои по пристигнувањето во градот упатија благодарност до организаторите од Србија за максималната посветеност и професионално изведените обуки, како и за нивната гостопримливост.