Пожар во мигрантски центар во Берлин, многу повредени


 

Денеска изби пожар во зграда во Берлин, во која се сместени штотуку пристигнати азиланти, објави противпожарната служба на овој град.

Како што наведуваат, причината за пожарот не е позната, но има многу повредени, а информации за жртви нема.

Пожарникарите евакуирале 128 луѓе од зградата, а поради студеното време, ставени се нарасполагање автобуси кои ги префрлаат луѓето на алтернативни локации. За нив се грижи германскиот Црвен крст.

„Потврден е пожарот во бегалскиот центар“, објави берлинската противпожарна служба, додавајќи дека на местото на пожарот пратени се 70 пожарникари кои ќе ги згрижат повредените.