Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон

Полицијата објави дека го истражува пожарот во домот на британскиот премиер Кир Стармер, до кој дошло во раните утрински часови во северен Лондон.
Пред населбата Кентиш Таун е поставен кордон, при што се присутни пожарникари и полиција.
Во пожарот бил оштетен влезот во куќата, а за среќа никој не е повреден, јавуваат британските медиуми.
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека била повикана поради „мал пожар“ и дека пожарот бил ставен под контрола 20 минути подоцна.
Кир Стармер, кој сега живее со своето семејство во неговата официјална резиденција на Даунинг стрит, сè уште е сопственик на имотот.
Британскиот премиер ја изнајмува куќата каде што избувна пожарот откако беше избран на функцијата во јули минатата година.