Пожар беснее во Шпанија: Загина еден пожарникар


 

Властите во Малага, Шпанија, одлучија да продолжат со евакуација на жителите додека трае акцијата за ставање под контрола на пожарот кој со денови беснее и досега проголта 6.000 хектари шума.

Тој огромен ппожар, кој од средата вечерта гори на планината Сиера Бермеја, на југот на Шпанија, се зајакна откако во неделата утрото се спои со друг пожар, објаснија властите.

Заради пожарот регионалната влада на Андалузија побара поддршка од војската и превентивна евакуација на населението на уште неколку места, прецизираа на Твитер итните служби.

„Тоа е пожар со необична јачина во однос на редовните пожари“, обајсни на прес-конференција функционер од службата за борба против пожари Алехандро Гарсија.

Заради пожарот во четвртокот, животот го загуби еден пожарникар, евакуирани се повеќе од 2.000 луѓе.

Со огнот се борат 600 професионални пожарникари, на кои им помагаат жителите, канадери и хеликоптери.

Според податоците добиени од сателитот „Коперникус“ на Европската комисија, огнот веќе изгорем површина поголема од 6.000 хектари, соопшти министерството за животна средина.

Министерството објаснува дека борбата со пожарот ја отежнуваат „карактеристиките на теренот“, стрмните падини и „неповолните метеоролошки услови“.