Директорката на „Рибникар“ поднесе оставка


Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ потврди дека В.Д. директорката Олга Митровиќ, на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, поднесе оставка.

„Таа поднесе оставка од здравствени причини“, изјави Ѓукиќ Дејановиќ.

Пред масовното убиство во „Рибникар“, што се случи на 3 мај, директорка на училиштето беше Снежана Кнежевиќ, а по тој инцидент родителите на учениците од тоа училиште и Републичката просветна инспекција побараа нејзино разрешување, што од Министерството за образование  беше прифатено.

Олга Митровиќ беше на позицијата в.д директорката на училиштето од 4 октомври, а Нова наведува дека дала оставка бидејќи „не можела да го поднесе притисокот со кој се соочува секој ден на работа“.