Послаб земјотрес почувствуван во Скопје


Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово околу 8 часот се осети во Скопје.

Според првичните информации, неговиот епицентар е на 12 километри од Скопје:

Серија земјотреси повторно почувствувани во Битола

Серија земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин утринава повторно се почувствувани во Битола и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилно е почувствуван земјотресот во 04:01 часот кој бил со Рихтерова магнитуда од 3,7 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарите на земјотресите се наоѓаат на 120 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.