Послаб земјотрес ги разбуди битолчани


Утрово битолчани повторно се разбудија вознемирени од земјотресот кој ги стресе во 3.40 часот.

Според информациите на ЕМСЦ истиот бил со интензитет од 2.8 степени по рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот инаку бил во соседна Грција и градот Лерин каде пред неколку дена беше почувствуван силен земјотрес кој го почувствуваа и граѓаните на Скопје, но и околните градови.