Португалија вакцинира 80 отсто од населението

Португалија тполно вакцинра околу 80 отсто од популацијата, со што стана една од најдобро вакцинираните наии во светот, па властите ги ублажуваат повеќето антиковид мерки, покажаа официјалните податоци.
Според податоците на Ројтерс, Португалија и Обединетите Арапски Емирати имаат речиси ист процент потполно вакцинирани граѓани, а во тој сегмент се водечки во светот.
Португалија, земја со нешто повеќе од 10 милиони жители, вакцинира 8,2 милиони луѓе против Ковид-19.