Пораз за Санчез, отфрлен контроверзниот закон за амнестија на каталонските сепаратисти


Коалициската влада на Шпанија предводена од премиерот Педро Санчез претрпе голем неуспех откако Долниот дом на парламентот не го усвои контроверзниот закон со кој би се амнестирале каталонските сепаратисти.

Законот што предизвика многу поделби, предложен од Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез, беше услов за поддршка на тврдокорните каталонски сепаратисти за владејачката коалиција на премиерот, која зависи од голем број помали партии.

Предложениот закон треба да ги блокира правните постапки против стотици каталонски активисти кои се под истрага за нивната улога во обидот во 2017 година да се прогласи независна каталонска држава, особено против прогонетиот сепаратистички лидер Карлес Пуџдемонт.
 
Предлог-законот сега ќе биде вратен на дискусија до парламентарната комисија и на крајот би можел да биде вратен на друго гласање во Долниот дом. Законот доби поддршка од партиите на левицата, како и од регионалните баскиски партии. Сепак, партијата на Пуџдемонт, „Заедно за Каталонија“, ја повлече својата поддршка за нацрт-законот затоа што не оди доволно далеку.

Заедно за Каталонија во последен момент упати барања за проширување на амнестијата за да ги вклучи сите каталонски сепаратисти обвинети за неправилности, вклучително и оние кои се под истрага за можни терористички дела.Но, Социјалистичката партија одби да потклекне, осигурувајќи дека законот ќе биде отфрлен од мнозинството во Dолниот дом на парламентот, вклучувајќи ја и конзервативната Народна партија.

Можните обвиненија за тероризам се однесуваат на групата за независност наречена Демократска цунами, која е вмешана во масовни протести, вклучително и блокада на аеродромот во Барселона во 2019 година. Судијата Мануел Гарсија-Кастелон рече дека истражува дали Пуџдемон ги режирал тие дела. Друг судија, Хоакин Агире, ги истражува потенцијалните предавнички врски меѓу потесниот круг на Пуџдемон и Русија.

Партијата на Санчез и Заедно минатата недела се согласија да го изменат предлог-законот за амнестија, така што тој ќе ги опфати обвинетите за тероризам, освен ако „се однесува на сериозно кршење на човековите права“.Последните правни потези, сепак, ја вознемирија партијата на Пуџдемон.Некои правни експерти велат дека амнестијата веќе би го прекршила уставот, а барањата на Заедноr ќе ја направат поголема веројатноста таа да биде укината од судовите.

Критичарите на Санчез предупредија дека премиерот се оставил на милост и немилост на Заедно, партија која го оспорува легитимитетот на шпанската држава и чии досиеја сугерираат дека таа ќе поставува нови барања секогаш кога ќе му биде потребна нејзината поддршка.

Мендез рече дека пораката до владата од судиите била: „Слушајте, ние постапуваме во согласност со законот. Ако сте направиле политички пакт со Заедно, тоа е ваш проблем“. (Гардијан)