Пораснаа странските инвестиции во Црна Гора, најмногу од НАТО земјите


Во првиот квартал оваа година дојде до голем прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора, изјави Милош Јовановиќ, вели директорот на црногорската Агенција за промоција на странски инвестиции за телевизијата Нова М.
„Во првиот квартал имавме околу 172 милиони евра бруто прилив на странски директни инвестиции, што е 32 отсто повеќе во однос на истиот период лани, додека имавме околу 83 милиони приливи странски директни инвестиции, што е зголемување од 63 отсто во однос на лани“, рече тој.
Јовановиќ додаде дека инвестициите на земјите членки НАТО алијанса во Црна Гора се зголемиле за околу 66 отсто во 2018 година во однос на 2017 година.
„Тоа е првенствено инхибирано со фактот дека сме станале членка на НАТО сојузот во претходниот период и дека сите земји членки на сојузот НАТО почнале да инвестираат во Црна Гора по фактот дека чувствуваат оти е многу покредибилна и во секој случај е многу подобра дестинација за инвестициите од земји кои не се членки на НАТО“, рече Јовановиќ.
Како што прецизираше, најмногу се вложува во секторите на туризам, банкарство и телекомуникации.
Очекува следно, инвестиции во енергетика и инфраструктура.