Поради голем снег се откажуваат летови во Јапонија

Повеќе од 100 домашни патнички летови во Јапонија се откажани поради обилни врнежи од снег, соопштија две јапонски авио-компанија.
Компанијата АНА Холдингс откажа 77 летови со што се погодени 5.100 патници, рече Јутака Китахара, оперативен директор на компанијата.
„Со оглед на временските прилики на североистокот на Јапонија кои и понатаму се неповолни, можни се дополнителни летови“, рече Китахира, пренесе Ројтерс, Компанијата Јапан Ерлајнс, во 10 часот по локално време откажа 35 денешни летови со што се погодени 1.810 патници.