Попис 2021: Дури 98,4 отсто живеат во брачна заедница
Државниот завод за статистика денес објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.
Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23,8 отсто се неженети/немажени, 65,3 отсто се мажени/женети, 7,2 отсто се вдовци/вдовици и 1,6 отсто се разведени. Регистрирани се и вкупно три случаи на вдовци/вдовици и 13 случаи на разведени во возрасната група од 15 -19 години.
Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98,4 отсто живеат во брачна заедница, а 1,6 отсто во вонбрачна заедница.
81,1 отсто од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7 отсто дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.
Според местото на раѓање, 90 отсто од вкупното резидентно население се родени во земјава.