Полскиот премиер „уловен“ како се среќава со Лепен


Лидерката на францускиот Национален фронт Марин Лепен и премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, денеска биле „уловени“ од новинарите во Брисел, Двајцата имале средба од 45 минути во постојаното претставништво на Полска во Белгија рано утрово. Разговорот не бил најавен од владата и цело време не бил официјално потврден од полска страна.

Средбата се случува во време кога Брисел и се заканува на официјална Варшава дека ќе и ги одземе гласачките права и ќе и ги сопре фондовите со помош бидејќи Полска ја отфрли јурисдикцијата на Европскиот суд за правда, односно го прогласи подреден на националните.

-Кога ќе излезете од европскиот демократски тренд, треба да се збратимувате со националистите финансирани од Путин. Кој е следниот?, беа коментарите утрово на Твитер.