Политичкото раководство на Израел ѝ нареди на армијата да ги намали офанзивните активности во Газа

Врвните функционери на Израел ѝ наредија на војската да ги намали офанзивните активности во Газа откако изјавија дека се подготвуваат за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, објавија израелските медиуми.
Медиумите известуваат дека политичката елита на Израел го наредила ова откако Хамас одговорил на планот.
Хамас објави дека е подготвен да ги ослободи сите израелски заложници, што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за палестинската енклава, но рече дека ќе бара преговори за деталите за ослободувањето, како и за други точки како што се предавање на контролата врз Појасот Газа и разоружување на милитантната група.
Трамп му даде рок на Хамас до недела навечер да постигне договор за неговиот план за иднината на Газа, нарекувајќи го тоа последна шанса за палестинската милитантна група.