Полицаец четири пати за година и пол менувал матичен лекар за да му издава боледување
Во втората половина на 2025 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле 514 боледувања, од кои повеќето траеле до седум дена, 171 до 15 дена, а 83 траеле и повеќе од 30 дена.
– Утврдени неправилности кај 29 од контролираните 80 лица или околу 37 отсто. Овие 29 лица користеле 236 боледувања, од кои 100 биле оценети како неуедно издадени, додека 136 биле уредни, односно утврдени неправилнсоти се 100 од вкупно 514 боледувања или околу 19,5 отсто – рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.
Според него, дел од тие боледувања се оправдани, но дел се злоупотребуваат, односно, еден човек зема седум дена боледување, па доаѓа еден ден на работа, а потоа под друга дијагноза, отвора ново боледување. Најсимптоматичното е што некои менуваат матичен лекар, кога тој повеќе не сака да им отвора боледувања, каде пак најдраматичниот случај е со менување четири матични лекари во време од година и половна.
Сепак, како што нагласи Клековски, непостоењето на интегриран систем на боелдувања, придонесува да се нема увид во состојбите и евентуално таа појава да се спречи. Исто така, Фондот не може да прави контроли на боледувањата доколку работодавачот тоа не го побара од нив, како што тоа во овој случај го направиле од МВР, но и од Царина и од АРМ. Клековски вели дека контроли се спроведени и таму, но во помал обем.
За да се изгради систем за следење на боледувањата се работи преку проект од Европската унија, преку кој се надградува постоечкиот систем, но со оглед на тоа дека се однесува и ан мој термин, Клековски не знаеше кога точно би профункционирал овој за боледувањата, затоа што европскиот проект трае две години. СДелегацијата на ЕУ избрала и конзорциум кој ќе работи на проектот.
Клековски закажа и средба помеѓу претставници на ФЗОМ, Синдикатите и работодавачите за надминување на овие состојби, што претставуваат товар за буџетот, затоа што дел од овие работници имаат право на 80, 90 или 100 отсто исплата на плата, без разлика што се на боледување. Некои од нив, бболедувањето го користат за да работат друга работа, но нема таков случај кај полицајците.
Најчесто користени дијагнози за боледувања се болести на респпираторниот систем, мускулниот систем и сврзното ткиво и дисетивниот систем.
За неправилностите кои се детектирани и во приватните и во јавните здравствени установи изречени се глоби во вкупна висина од 1,2 милиони денари.
– 105 приватни зравствени организации, претежно ординации по општа медицина (98), како и неколку по гинекологија и акушерство (4) и стоматологија (3). Неправилности биле откриени кај 29 здравствени установи (27 од општа медицина и 2 гинекологија). ЈЗУ, неправилности кај 3 специјалисти, како и неправилсности кај две комисии во два града – рече Клековски.
Многу боледувања има и во јавните здравствени установи, според сознанијата во две клиники 20 отсто од персоналот е на боледување, но ФЗОМ не може да ги контролира, ако тоа не го побара работодавецот.