Покрај локдаунот, во Австралија се бележат рекордни бројки новозаразени


Двете најнаселени држави во Австралија забележаа рекордни бројки кога станува збор за новозаболени од Ковид-19.

Во државата Нов Јужен Велс, во главниот град Сиднеј, забележани се 681 случај во последните 24 часа, што е нов негативен рекорд, а претходниот забележан беше до средата – 633 случаи, јави АП.

Соседната држава Викторија регистрира 57 нови случаи во главниот град Мелбурн, што е најголем број дневно заболени уште од последните денови на вториот бран инфекции забележан во септември 2020 година.