Поголемо чекање на граничниот премин “Дојран” од грчка страна поради враќање на македонските викенд туристи


Зголемено чекање на влезот во нашата земја е регистрирано од грчка страна при враќање на македонските граѓани кои за време на продолжениот викенд заминаа кај јужниот сосед.

Причина за застојот е официјалното воведување на новиот систем ЕЕЅ (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ, наместо досегашното рачно евидентирање на пасошите.

Од граничниот премин “Дојран” велат дека проблеми нема на македонската страна од границата, а побавно тече сообраќајот од грчка страна, посебно во текот на попладневните часови, поради враќањето на македонските посетители од Грција.

Со новиот европски систем, се исфрла досегашното ставање печати во пасошите, така што на секое преминување на надворешните граници на Шенген зоната ќе се врши електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти.

Предвидено е системот EES да ги бележи точните датуми на влез и излез и да врши автоматска проверка на правилото за дозволен престој од 90 дена во рамки на 180 дена, со што ќе се намалат можностите за негово прекршување