Погба претера: Французинот има мегаломански барања од Манчестер Јунајтед
Управата на Манчестер Јунајтед е во акција за обновување на договорите на своите ѕвезди. Наводно, ниту Давид Де Геа ниту Пол Погба наводно не се задоволни со она што им се нуди во моментов, односно сметаат дека на други места можат да добијат далеку повеќе.
Британски „Индепендент“ пренесува дека ПСЖ преку свои посредници веќе му порачале на Де Геа дека ќе му дадат плата од 350.000 фунти неделно, додека „Сан“ пишува дека Погба побарал астрономски 500.000 фунти!
Тоа е околу 580.000 секоја недела, а на годишно ниво излегува точно 30.000.000 евра, толку или повеќе од тоа во светот на фудбалот во моментов имаат само Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо и Езекил Лавеци во Кина. Лавеци доби огромна плата бидејќи беше првата мегаѕвезда која прифати да се пресели на Далечниот исток, додека Меси, Нејмар и Роналдо сепак се играчи чие присуство на теренот се чувствува значително повеќе отколку она на Погба. Во моментов, Погба заработува околу 18.000.000 по сезона.
Французинот меѓутоа може себе да си дозволи луксуз да претерува во барањата, бидејќи во последните недели се погласно се шпекулира дека Зинедин Зидан веќе на лето го сака во Реал. Затоа впрочем управата на Јунајтед и започна акција, но Погба бил јасен и побарал да биде најплатен во тимот, а со оглед на тоа дека Алексис Санчез со сите премии може да дофрли до 30.000.000 тогаш такво барање доставиле и застапниците на Погба, односно неговиот агент Мино Раиола, а тој многу добро знае како да извлече повеќе пари за своите клиенти.
Актуелниот договор на Погба истекува за две години, со тоа што клубот има опција да ја продолжи соработката на уште една сезона, а иако тука имаше светли моменти, впечаток е дека досега баш и не ги оправда 105.000.000 евра колку што Јунајтед вложи во сега 26-годишниот фудбалер, со што го направи најскапото засилување во историјата на фудбалот. Сепак, од тогаш го претекнаа Усман Дембеле, Кристијано Роналдо, Филипе Кутињо, Килијан Мбапе и Нејмар.
Како и да е, може да се наслушне дека Јунајтед за Погба подготвува договор до 2024 година. Дали со плата до 30.000.000 евра годишно не е извесно, но добро е познато дека Оле Гунар Солскјер планира малку да го прочисти играчкиот кадар и да ја раскине соработката со некои од најплатените играчи како што се Алексис Санчез, Андер Ерера и Хуан Мата. И тука Погба ја гледа својата шанса…