Подготвен сум да се вакцинирам што е можно поскоро, вели директорот на американската ФДА
Директорот на американската Управа за храна и лекови (ФДА), Стивен Хан, соопшти дека е подготвен што побрзо да се вакцинира.
Изјавата дојде откако агенцијата денеска издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19, развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“.
На прес-конференција, Хан ја бранеше досега најбрзата процедура за вакцинирање и истакна дека Американската администрација за храна и лекови не ја жртвувала безбедноста во замена за брзината.
Тој, исто така, ги нарече неточни извештаите во медиумите дека администрацијата на Доналд Трамп се заканила дека ќе го отпушти доколку ФДА не издаде дозвола за вакцината до одреден датум.