Почнува судењето на деценијата: Им се суди на убијците на Вања и Панче

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември лани


Фото: Б. Грданоски

Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски треба да започне денеска во Основен кривичен суд Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата, а Обвинителството бара спојување во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Сепак, судот оваа одлука треба да ја донесе денеска, па неизвесно е дали Панче Жежовски воопшто ќе седне во обвинителната клупа денеска. 

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. 

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. 

Обвинетите, таткото на Вања, Сашо Ѓорчевски се товари дека на групата ѝ кажал во колку часот девојчето само ќе излезе од дома за на училиште. Штипјанецот Влатко Кешишов и велешаните Велибор Манев и Боре Видевски кои биле соучесници во делата, беа уапсени на 4 декември 2023 година откако полицијата влезе во траг на обвинетите кои го грабнале и убиле велешенацеот Жежовски, му го зеле возилото за да го искористат по неколку денови за да го грабнат и девојчето, а подоцна, во блзина на Скопје и го убиле.

Љупчо Палески пак, кој се смета за извршител и мозок на злосторството, не беше уапсен во земјава бидејќи преку Белград успеа да избега во Турција, а на 5 декември 2023 година беше уапсен во Турција и екстрадиран во земјава на 15 мај годинава. Тој се товари за убиство и грабнување, а судењето го дочекува во притвор заедно со останатите обвинети. Само таткото на Вања е во куќен притвор откако врховниот суд му го укина затворскиот.

Според обвинителството, на 27 ноември 2023 година рано утрото обвинетите отишле пред зградата каде живеела Вања, затоа што таткото им кажал кое време девојчето заминува на училиште и дека таа сама ќе излезе од дома. „Цитроенот“ кој бил во сопственост на веќе убиениот Панче Жежовски бил искористен за пренесување на девојчето од влезот до местото на убиството. Тие ја грабнале Ваеа, ја сместиле во багажникот на автомобилот во вреќа за спиење и ја однеле  кон селото Бразди. Вања била со слеотејп лента на устата и со врзани раце и нозе.

Кај селото Бразди, на местото викано Дупки, наводно Љупчо Палевски – Палчо го извршил убиството  околу 9.30 часот, само два часа по грабнувањето. Телото го ставиле во веќе ископана дупк.

Автомобилот „цитроен“ подоцна го полиле со бензин и го запалиле, а од таму заминале со „рено клио“.

Панче Жежовски пак, беше убиен на 22 ноември 2023 година, откако осомничените отишле во неговиот дом и го присилиле да им го даде возилото. Тие го врзале Жежовски го ставиле во автомобилот и сите заминале  местото Рудник близу Велес. Бил убиен и фрлен во претходно ископана дупка, која ја затрупале со земја.