Почнува историското судење за најголемиот колеж во Франција по Втората светска војна


Процесите за терористичките напади од 13 ноември 2015 година, најголемиот џихадистички напад на француско тло, кој длабоко го трауматизира општеството, почнаа во париската Палата на правдата, во присуство на обвинетиот Салах Абдеслам, единствен преживеан напаѓач.

Џихадистот со француско-мароканско потекло во 12.45 часот денеска, седна на обвинителна клупа, каде го окружија неколку припадници на силите на редот, неколку минути пред почетокот на процесот.

Кога почна судењето тој требаше да го потврди својот идентитет, како единствен прежиеван, атентатор на Исламска држава, а тој рече: „нема друг Бог освен Алах, а Мухамед е негов пророк“.

На прашањето со што се занимава, тој рече дека „се одрекол од секакво занимање за да стане борец на Исламска држава“.

Во ноќта на ужасот пред шест години убиени беа 130 лица, а стотици беа ранети кога џихадисти, вооружени и опремени со самоубиствени елеци, нападнаа шест барови и ресторани, концертната сала „Батаклан“ и спортски стадион.

Донесувањето на пресудата се очекува во мај в година

Со висока будност на полицијата, улиците околу Палатата на правдата на остров во центарот на Париз, како и околните брегови на реката Сена, затворени се за автомобили и пешаци.

Тие кои имаат дозвола за пристап на судењето поминаа низ бројни контролни точки пред да им биде дозволено да влезат во судницата. Судењето ќе трае девет месеци, а во него ќе учестуваат околу 1.800 обвинители и повеќе од 300 адвокати.

Францускиот министер за правда Ерик Думонд-Морети го нарече судски маратон без преседан. Донесувањето на пресудата се очекува во мај в година.

Повеќето обвинети, меѓу кои и 31-годишниот Салах Абдеслам, за кој се верува дека е единствен преживеан напаѓач од групата која ги изведе нападите, соочени се со доживотна казна затвор. Другите осомничени, меѓу кои на шестмина ќе им се суди во отсуство, се товарат за помагање во организирањето на нападите.

Одговорност презеде Исламска држава, која ги поттикнала своите членови да ја нападнат Франција заради нејзиното учество во борбата против таа група во Сирија и во Ирак.