Почнаа поделби во СИРИЗА, се подготвува нова партија
Извори од главната опозициска партија во Грција, СИРИЗА, оценија дека ставот на некои кадри во партијата укажува на „план за создавање на нова партија“.
„Сета оваа ескалација во последно време на опозициски став кон партијата и кон нејзиниот лидер Стефанос Каселакис, очигледно е дел од овој план, која е веќе е ставен во движење, да се создаде нова партија“, велат тие, мислејќи на видеото во кое Димитрис Вицас во едно интервју, сугерира дека новата партија да биде именувана како „Обновувачка и еколошка
радикална левица“.
Ден претходно европратеникот Стелиос Кулоглу објави дека се „отцепува“ од партијата, односно дека станува независен преку отворено писмо до лидерот на партијата Стефанос
Каселакис. Во своето писмо, Кулоглу ги наведе „недостигот на сериозна опозиција и
проекцијата на личниот живот на новиот лидер на партијата во јавниот дијалог“ како главна
причина за стагнација на последните локални избори“.
Од СИРИЗА пак побараа од Кулоглу да им го врати местото во Европскиот парламент за кое беше избран како преставник на оваа партија.