Почна исплатата на октомвриските пензии


Фото: Б. Грданоски

Од денес почна исплатата на пензиите за октомври во Македонија.

Некои од македонските банки пензијата за своите корисници ја прават предвреме или ден порано.

До пред десетинагодини пензиите се исплаќаа и на 15-ти во месецот, а сега истите исплаќаат во редовен рок односно на први.

Од минатиот месец пензиите се зголемија за 5,3 отсто, а веќе следниот март ќе има ново зголемување.

Од сега два пати годишно системски ќе се зголемува пензијата на македонските пензионери, и тоа во март и септември, а еден од клучните фактори за растот ќе биде динамиката на растот на просечната плата.