Почина Стејепан Ламза, најголемиот идол на навивачите на Динамо


 

Прославениот фудбалее на загрепски Динамо, Стјепан Ламза, почина на 81 година. Тој беше еден од најголемите, а можеби и најголемиот идол на навивачите на Динамо. Ламза беше феноменален фудбалер. Тој беше талент од бразилскиот формат. Ламза беше левучар кој можеше сѐ со топката, дури и повеќе. Во поранешна Југославија сите беа воодушевени од дриблингот на Ламза.

Ламза беше и физички феномен. Имаше челични бели дробови, па и по непроспиена бурна ноќ можеше да истрча не еден, туку два натпревари. Играше лева полутка и беше дел од атомскиот напад на Динамо во 1960-тите заедно со Замбата, Киш, Рора, Черчек.

Спортските новинари во Хрватска и Србија уште го прераскажуваат легендарното прашање на Ламза до халфот Белин: „А со кого си играме денес?“. А Динамо во тој момент се подготвуваше да истрча од ходникот на белградска Маракана, која беше окупиран од 80.000 навивачи на Црвена звезда.