Почина поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски
Поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски почина денеска на 69 години, соопштија од Скијачката федерација на Македонија.
Во својата долгогодишна кариера, Лесевски беше тренер на јуниорската репрезентација на Југославија, тренер во ски клубот „Работнички“ и тренер на македонската скијачка репрезентација, како и член на раководните структури на Скијачка федерација на Македонија и Сојуз на спортови на Скопје, како и организатор на голем број на спортски настани. Беше учесникк на шест Зимски олимпски игри, како тренер и селектор на алпинците.
Лесевски до последен ден активно работеше и придонесуваше за развојот на скијачките спортови во Македонија.
Скијачка федерација на Македонија изразува сочувство до неговото семејство и искрено жалење за оваа огромна загуба.