Почина Милка Месиќ, сопруга на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ


Почина Милка Месиќ, сопругата на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ, пишува Јутарњи лист.

Родена е во 1939 година во Слабиња, Сисачко-мославинската жупанија. Својот иден сопруг го запознала откако тој ја видел во жирито на еден танцов натпревар во Загреб и побарал од пријател кој ја познавал да ѝ го претстави.

Милка Месиќ (прва од десно) и претседателот Стјепан Месиќ како домаќини на полскиот претседател Лех Качињски и неговата сопруга Марија во Претседателската палата во Загреб (Фото: Википедија)

За поранешниот хрватски претседател се омажила во 1961 година, а набргу потоа се родила нивната прва ќерка Саша. Две години подоцна се роди нивната втора ќерка Дуња.

Откако нејзиниот сопруг беше избран за претседател на Хрватска во 2000 година, таа ретко се појавуваше јавно.