Почина мајката на Борис Џонсон
Шарлот Џонсон Вал професионална сликарка и мајка на британскиот премиер Борис Џонсон, почина на возраст од 79 години.
Џонсон Вал почина ненадејно и мирно во лондонска болница ов понеделникот, пренесе „Телеграф“.
Даунинг стрир не одоговори на барањето за коментар, а и претставници на семејството не беа достапни.
Џонсон за време на годишната конференција на Конзервативната партија 2019 година својата мајка ја опиша како супериорен авторитет во семејството.
„Ќе го цитирам врховниот авторитет во моето семејство – својата мајка, и за ревносните љубопитни во поглед на поделбата во моето семејство по прашањата за ЕУ – а сакам да знаете дека држев ас во ракавот – мојата мајка гласаше за „заминување“, рече тогаш Џонсон.
Според Телеграф, Џонсон Вал имала Паркинсонова болест дијагностицирана на возраст од 40 години.
„Настојувам да сликам секој ден кога можам, иако често морам во болница. Уште успевам да сликам, иако мојата рака ненадејно ќе направи потполно ненамерно движење и тоа речиси ме доведува до солзи“, рече таа во интервју за магазин во 2008 година.