Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзалната сала и долгогодишен член и активист на Либерално-демократската партија, објавија денеска од партијата на Фејсбук.
Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година во Општина Центар, потоа беше директор на „Универзална сала“, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис-секторот, додаваат од ЛДП.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 8.5.2025 (четврток) во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје во 11:00 часот.