По повеќекратни напади со беспилотни летала: Турција испраќа Ф-16 во северен Кипар
Турција планира да распореди шест борбени авиони Ф-16 во северен Кипар во понеделник за да ја зајакне одбраната на турската заедница таму, објави телевизијата НТВ.
Оваа телевизија се повика на извори во Турската Република Северен Кипар, односно делот од Кипар што е под контрола на оваа земја.
Извор од турското Министерство за одбрана во саботата изјави дека Турција размислува за распоредување авиони Ф-16 во Кипар, меѓу другите мерки што се преземаат за да се обезбеди безбедноста на турско-кипарската држава, бидејќи конфликтите во регионот се прошируваат.
Сепак, како што објави НТВ, се чини дека Анкара веќе ја донела таа одлука и дека авионите наскоро ќе бидат испратени на овој остров.