Планинар скршил нога на Пелистер – ДЗС и МВР го спасуваат


ДЗС и МВР утрово се во заедничка акција за извлекување на повреден планинар, откако тој при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи.

По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде превземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските тигри, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.