Пилотот снимил како изгледа виножитото од воздух и изненади многумина (фото)
Многумина останаа без зборови кога дознаа еден помалку познат факт за виножитата.
Тешко дека има некој што не го сака шарениот феномен, но многу луѓе не знаат дека виножитото се протега надвор од полукружниот лак што го гледаме од земјата.
Работник на ЕМС од Австралија објасни дека виножитата се всушност полни кругови и можат да се видат во целост само од небото.
Тој сподели слика на која се гледа виножитото во полн сјај.
„Дали знаевте дека виножитата се всушност цел круг? Обично го гледаме само лакот бидејќи земјата и хоризонтот го блокираат остатокот од кругот“, стои во описот на сликата на Фејсбук.
„Круг на животот“, „Убава“, „Фала што го споделивте“, „Го видов од авион и не ми се верува“, се само дел од коментарите под објавата.