Пилешко на малку поинаков начин
Интересен рецепт за пилешко, идеален за слави и свечености
Потребно е:
пилешко бело месо
4 лажици павлака или кајмак
50 гр меко сирење
50 гр сирење
100 гр шампињони
150 гр сува сланина
150 гр шунка
3 варени јајца
малку сув зачин
мелен бибер
Подготовка:
Исечете го месото на тенки шницли. Посипете го со суви зачини, мелен бибер и, по желба, мелена пиперка. Потоа премачкајте го со павлака или кајмак.
Одозгора ставете ја шунката, повторно намачкајте ја, па ставете тенки листови кашкавал, печурки, варени јајца и малку кашкавал. Завиткајте го месото, па одозгора ставете сува сланина или завиткајте ја околу месото. Во плех ставете хартија за печење, па ставете го месото.
Печете на 200 степени околу еден час додека убаво порумени и испари течноста од месото. Оставете да се излади, па исечете и уживајте во прекрасниот вкус и изглед. Одлично за прослави и веселби.