Пијани управувале глисери во Охридското езеро
Полициски службеници и инспектори од Капетанијата на пристаништа Охрид вчера спровеле контрола на пловните објекти на Охридското Езеро. Биле прегледани 63 пловни објекти, а кај 31 пловило и 31 лице биле констатирани вкупно 52 прекршоци.
Меѓу прекршоците се нерегистрирани и необележани пловни објекти, недостаток на задолжителна опрема, управување без дозвола и превоз на повеќе патници од дозволеното. Алкотестирањето покажало дека девет лица управувале пловила под дејство на алкохол.
Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат во текот на летната сезона со цел зголемување на безбедноста на вода и доследно почитување на Законот за внатрешна пловидба.