Петков наместо Радев на самитот на ЕУ
Лидерот на „Продолжуваме со промените“ и најверојатно нов премиер на Бугарија од утре, сакал тој да присуствува на Eвропскиот совет и да преговара со другите европски лидери. Тоа ќе биде негово прво учество на самит на ЕУ, каде ќе биде со новиот германски канцелар Олаф Шолц.
Новиот премиер за политиката на Бугарија кон Македонија, рече:
„Ние и РСМ имаме многу да добиеме со заедничка одлука. Бугарската позиција останува таква каква што е, но ние сакаме да ја надградиме. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, сакаме да седиме во тимови и да одиме кон добрососедство, но ќе ги браниме и нашите национални интереси“.