Песков: Подобро е Русија да ги постигне своите цели на мирен начин


Дмитриј Песков

Би било подобро Русија да ги постигне своите цели во украинскиот конфликт со мирни средства, а сè додека тоа не се случи Москва ќе ја продолжи својата специјална воена операција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Многу пати сме соопштиле дека е подобро за нас да ги постигнеме целите што си ги поставивме преку мирни политички и дипломатски средства, но сè додека тоа не се случи, специјалната воена операција продолжува и реалноста на терен се менува секој ден, изјави Песков, пренесен од руските медиуми.

Тој додаде дека не е можно да се каже дека мировниот процес за решавање на конфликтот во Украина е запрен, бидејќи САД ја обновуваат испораката на американско оружје во Киев.

-Сè уште можеме да почекаме некаков сигнал од Киев, од претставникот на режимот во Киев, за желбата да влеземе во третата рунда директни преговори меѓу Русија и Украина, изјави портпаролот на Кремљ.