Пендаровски за Навални: Ова е тажен ден за демократијата


Македонскиот претседател Стево Пендаровски од Минхенската безбедносна конфереција изрази жалење за смртта на Алексеј Навални.

Ужаснат сум од смртта на рускиот политичар Алексеј Навални. Тажен ден за демократијата, човештвото изгуби цврст активист за човекови права. Срдечно сочувство до неговата сопруга Јулија и неговите деца, напиша Пендаровски на „Х“.