Пеле итно хоспитализиран во болница


Бразил- Поранешниот бразилски фудбалер и легенда, Пеле повторно е во болница во Сао Паоло откако неговата здравствена состојба се влошила.

Пеле веќе подолг период води битка со ракот, а овој пат ситуацијата дополнително се искомплицирала кога на 82-годишниот Бразилец му се појавил оток по телото.

Третманот кој го користи Пеле во изминатите месец не дал резултати и неговото тело не одговорило позитивно на хемотерапијата која ја примил.

На трикратниот светски првак лани му беше дијагностициран тумор на дебелото црево, а по оперативниот зафат неколку пати се враќаше во болницата за испитувања и хемотерапии.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата, кој освоил три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Rei (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година.