Пациентите со Ковид-19 од Тетово ќе се праќаат во Скопје
По зголемениот број региститрани новозаболени во Тетово, по координација на Министерствотот за здравство со директорите на болниците, одлучено е пациенти од Тетово да се праќаат во Скопје.
– Во моментот Тетово е најкритичниот град, кадешто има голем број приеми на инфективниот оддел и во модуларната болница, некаде околу 45 пациенти се веќе хоспитализирани во изминатите неколку дена. Освен тоа бројките на новодијагностицирани пациенти се високи и во Скопје и во Гостивар, а од вчера и во неколку други градови во државата. Имаме во Куманово, во Кичево во Кавадарци, во Струмица, меѓутоа, во овие градови нема никаков притисок во болниците – рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Денеска е склучен договор за препраќање пациенти од Тетовот во Скопје, за што е обезбеден вториот кат на Инфективната клиника во Скопје.
– Од вкупниот број пациенти примени во болница, којшто е некаде околу 150, а значајно е зголемен во изминатите седум дена, под 10 отсто се пациенти кои се целосно вакцинирани и тоа се пациенти кои с ево релативно добра здравствена состојба, во смисла на тоа да не се критични – рече Филипче.