Овие растенија ќе ве спасат од комарци: Обавезно чувајте ги на вашиот прозорец, тераса или двор


Комарците не можат да го поднесат мирисот на рузмарин, но тоа е само една од билките што можат да помогнат во борбата против овие неподносливи инсекти.

Летните вечери понекогаш можат да станат здодевни поради комарците.

Покрај бројните препарати, во борбата против овие непријатни крвопијци, можат да ни помогнат и растенија кои ги одбиваат со своите мириси.

Во нашите градини, овоштарници, дворови, балкони или тераси, можеме да одгледуваме разни растителни видови, кои ќе дејствуваат на и врз други штетни инсекти.

Рузмарините, босилекот, лавандата, невенот, нането, маточината, мајчината душица се само дел од растенијата што треба да најдат место на вашата тераса или стан ако сакате да се ослободите од комарците.

Рузмарин
Комарците не можат да го поднесат мирисот на рузмарин. Доволно е да поставите саксија со рузмарин на прозорецот и комарците нема да влезат во просторијата, особено кога рузмаринот цвета. Мирисот на рузмарин ќе биде поинтензивен ако го протресеме растението, а со тоа и поефикасен. Покрај тоа, листовите од рузмарин ќе помогнат во ублажување на чешањето и отокот од каснувања од комарци. Есенцијалното масло од рузмарин може да се користи за подготовка на препарат против комарци, објави Agroklub.

Босилек
На балконите и терасите, опкружете се со босилек, бидејќи тој е најсилниот репелент. Босилекот ќе ги одбива комарците и другите инсекти со својот мирис. Ако ве касне комарец, истријте го местото со листови од босилек – ќе го намалите чешањето. Денес, постојат бројни видови босилек, кои ќе го разубават секој простор со својата боја, мирис и изглед.

Лаванда
Лавандата ги одбива комарците со својот мирис, а сувата лаванда може да помогне и во борбата против инсектите покрај живите растенија.

Лимонова трева
Лимоновата трева има убав мирис на лимон и може да се најде како состојка во многу средства против комарци. Добро се снаоѓа во саксии.

Невен
Невенот е друго растение кое ги одбива разните инсекти со својот мирис. Ако сакате растение кое ќе цвета цело лето и ќе го украсува просторот со своите цветови, тогаш невенот е вистинскиот избор. Невенот се самосејува во градините и дворовите. Неговиот мирис ќе ги одбива комарците и другите инсекти, а делува и на нематодите и другите штетници во почвата.

Нанe
Освен комарците, нането ќе ги одбива мравките, болвите и разните други инсекти со својот мирис. Букетите сува нане имаат непријатен мирис дури и за глувци.

Маточина
Маточината, покрај тоа што ги одбива комарците со својот мирис, може да се користи и по каснување. Доволно е да се притисне смачканиот лист на местото на каснување и помалку ќе се чеша.