Ова се цените на основните прехранбени производи во Црна Гора, Србија и Хрватска


РТЦГ ги спореди цените на 17 главни прехранбени производи во Црна Гора, Србија и Хрватска. Врз основа на добиените податоци – цените во Србија се нешто пониски, додека во Црна Гора и Хрватска слични, со тоа што некои артикли се поскапи во Хрватска.

Лебот е најевтин во Србија, може да се купи за 50 центи, најниска цена имаат и јајцата и млекото. Кафето е најскапо во Хрватска, а цената на килограм пилешко филе е највисока на црногорските пазари.

Цените во Хрватска се добиени од Хрватското здружение за заштита на потрошувачите врз основа на список што го прават тајните купувачи од месец во месец, додека за Србија најниските цени се земени од големите супермаркети, со исклучок на Лидл, кој е значително поевтин.

Кампањата со ограничена цена, која започна во Црна Гора на 6 септември, вклучува ограничување на маржите на производите од посебно значење за животот и здравјето на луѓето и содржи листа од 71 производ.

И во Србија на 1 септември започна кампањата „Најдобра цена“ во чии рамки до крајот на октомври цените на околу 700 производи во околу 2.500 малопродажни продавници во земјата ќе бидат пониски од цените на претходната кампања. .

Кампањата вклучува 81 вид на производи, а просечниот попуст ќе изнесува 26,82 отсто.

Имајте предвид дека се споредени цените на млекото во тетрапак без чеп, брашно тип 500 и бел ориз.