Ова се 15-те светски гастрономски престолнини, некои се во нашето соседство


Кои градови во светот имаат најдобра храна? Нова студија ги откри највозбудливите светски дестинации за гурманите, а резултатите се објавени на веб-страницата на Time Out.

Бројот на врвни ресторани, бројот на ресторани во Мишелин водичот, кулинарските атракции, традиционалните јадења и индекси како што е Глобалниот индекс за безбедност на храната и просечната цена на оброк за двајца – сето тоа се фактори што беа земени предвид во оваа нова студија.

Оваа листа е базирана на сеопфатна анализа од јапонскиот провајдер на билети за воз JR Pass, а според нивната анализа, круната на најдобра гастрономска дестинација ја има Париз, со најмногу ресторани во Мишелин водичот и релативно прифатлива просечна цена на вечера за двајца – околу 68 евра.

Атина се најде на второто место, веднаш по неа следува Токио, додека Цирих и Амстердам го зазедоа четвртото и петтото место. Еден од градовите од некогашна Југославија, Љубљана, исто така, се најде меѓу првите 10.

Еве ја целосната листа на 15-те најдобри престолнини на храна во светот, според истражувањето на JR Pass:

1. Париз
2. Атина
3. Токио
4. Цирих
5. Амстердам
6. Прага
7. Брисел
8. Даблин
9. Мадрид
10. Љубљана
11. Лондон
12. Сеул
13. Копенхаген
14. Рејкјавик
15. Рига