Ова лето е најтоплото во историјата на мерењата

Европа годинава го имаше најтоплото лето во историјата на мерењата, но само малку потопло од претходните рекорди за периодот од јуни до август, објавија научници од Европската Унија.
Европската програма Коперник за следење на климатските промени објави дека температурата од јуни до август е скоро за еден степен повисока отколку во истиот период од 1991 до 2020 година, што ја прави 2021 година со најтопло лето досега.
Претходните рекорди беа измерени во 2010 и 2018 година.
<
Жешкото лето 2021 година е најновото во серијата трендови на климатски промени предизвикани од емисиите на стакленички гасови.
Медитеранските земји имаа рекордно високи температури
Коперник има записи за климата од 1950 година, но исто така користи и други бази на податоци кои датираат од средината на 19 век.
Во соопштението се наведува дека август оваа година, заедно со истиот месец во 2017 година, беше третиот најтопол месец на глобално ниво во историјата на мерењата и беше 0,3 степени потопол од просекот помеѓу 1991 и 2020 година.
Во Европа, август беше близу до просекот од тој период, но не и на целиот континент. Медитеранските земји имаа рекордно високи температури, источно од континентот имаше натпросечно топло време, а на север под просечни температури.
Еколошките организации во вторникот повикаа за одложување на климатската конференција COP26, која веќе беше одложена еднаш минатата година поради пандемија, а потоа се пресели на 31 октомври до 12 ноември во Глазгов.
На конференцијата обично учествуваат делегати од 190 земји, но многу земји во моментов се борат со нов бран на инфекција и набавка на вакцини, па затоа состанокот треба да се откаже, објави Мрежата за климатска акција (CAN).